Алесандра Амбросио, Синди Крафорд и Никол Кидман заведуваа во црвено

Алесандра Амбросио, Синди Крафорд и Никол Кидман во гламур и елеганција беа на настан во Шангај посветен на лансирањето на новата колекција женски часовници на Omega.

Како заштитни лица на брендот, славните дами беа почесни гостинки на свеченоста организирана од швајцарската компанија за луксузни часовници.

Трите ѕвезди беа облечени во црвено. 37-годишната Амбросио заведуваше во впечатлива креација од Zuhair Murad, 52-годишната Крафорд избра елегантен долг фустан со шлиц од Rasario, додека 51-годишната Кидман се појави во фустан со големи 3Д цветови од Ermanno Scervino. Секоја од нив во својот стајлинг има вклучено часовник Omega.

Текстот Алесандра Амбросио, Синди Крафорд и Никол Кидман заведуваа во црвено е превземен од Reporter.mk.