Рокерот Алис Купер и неговата жена Шерил Годард се договориле дека ќе умрат во ист ден, откри пејачот во едно скорешно интервју. Тој зборувал за големата љубов кон сопругата, за бракот и за тоа дека знаат дека не можат да живеат еден без друг.
„Склопивме пакт, кога ќе дојде време за умирање, заедно ќе тргнеме на тој пат. Нема шанса да живееме еден без друг“, рекол Купер.
Познатиот музичар е во брак 43 години, а со Шерил има три деца, две ќерки и син. Се запознале кога таа дошла да биде танчерка во нивната група и го следела бендот на настапите насекаде во светот. Купар тврди дека откако се венчале во 1976 година, тој никогаш не ја изневерил, ниту пак ја изневерувал додека биле во врска.
„Никогаш не се покајав. Најважното правило за секој брак е да се ожените со девојка во која сте заљубен. Ние се сакаме и денес. И не се караме. Таа ми е и жена и најдобра пријателка“, рекол тој.
Текстот Алис Купер се договорил со сопругата да умрат во ист ден е превземен од Reporter.mk.