Алиша Кис ќе биде домаќин на наградите „Греми“

Американската пејачка Алиша Кис ќе биде домашин на 61. Греми награди што ќе се одржат на 10 февруари во Лос Анџелес.

„Многу сум возбудена што можам да ви откријам дека ќе бидам домаќин на 61. Греми награди“, напиша Алиша на нејзиниот канал на „ЈуТјуб“ и објави видео на кое им кажува на фановите за гламурозниот настан.

„Знам што чувствувам кога сум на сцената и ќе се обидам да ви го пренесам расположението и емоциите”, вели таа во видеото. Во текот на нејзината кариера, Кис освои вкупно 15 Греми награди.

 

Текстот Алиша Кис ќе биде домаќин на наградите „Греми“ е превземен од Reporter.mk.