Американската Рекординг Академија објави дека пејачката Алиша Кис ќе биде домаќин на наградите Греми 2020. Таа првпат беше домаќин на шоуто и оваа година во февруари. Со тоа, Кис ќе биде првата жена што ги водела овие музички награди повеќе од еднаш.
Пејачката, која во својата кариера има освоено 15 греми наради, откри дека е пресреќна што повторно ја повикале да го води најголемиот музички настан во светот.
„Мислев дека минатата година беше еднократна работа, но кога се појави нова можност, немаше никакво двоумење да се вратам како домаќин. Тоа беше моќно искуство за мене. Не само што ја чувствував љубовта во самата просторија туку и од целиот свет, и тоа ја потврди исцелителната и обединувачка моќ на музиката“, рече 38-годишната пејачка.
Текстот Aлиша Кис повторно ќе биде домаќин на Греми наградите е превземен од Reporter.mk.