Аљоша Вучковиќ тешко болен, се откажа од глумата

Српскиот глумец Аљоша Вучковиќ, кој вчера наполни 72 години, за српски „Курир“ откри дека до пред неколку дена бил на лекување во болница, но дека сега е дома, но дека здравствена состојба и сега му е лоша. Поради нарушеното здравје, тој веќе некое време не глуми.

„Ништо не работам и не можам да работам. Болен сум и не се чувствувам добро, и тоа е причината што не глумам. Покрај сè ме фати и мала настинка, па ми се собраа многу работи“, рекол Вучковиќ за порталот.

Аљоша Вучковиќ во својата кариера одигра преку 70 улоги, меѓу кои и во популарните ТВ-серии „Враќање на отпишаните“ и „Подобар живот“.

„Кога ќе подвлечам црта од периодот кога настана ‘Подобар живот’ до денес, сфаќам дека сè стои во
место, сè стагнира. Што да ви кажам освен дека ќе ни дојде подобар живот ако се обидеме да ги тргнеме
сеќавањата. Ретки се добрите прилики, речиси и ги нема. Сè функционира по принципот: ‘ајде да
пробаме да ни биде подобро’, а тоа трае две минути, и потоа исчезнува“, рекол глумецот во изјавата.

Популарниот глумец ѝивее со сопругата Едита и имаат две ќерки Леана и Сара.

Текстот Аљоша Вучковиќ тешко болен, се откажа од глумата е превземен од Reporter.mk.