Во Бакингемската палата вчера се одржа свечана вечера во организација на принцот Чарлс, а во чест на неговата фондација „Prince’s Trust“.
На истата присуствуваа членови од кралските семејства, но и пријатели на принцот. Меѓу нив беа и актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал, која со својата појава го украде вниманието на медиумите.
Амал се појави во долг бел фустан со набори. Во горниот дел има асиметричен плашт, кој паѓа преку едната рака, додека на другата има златен ракав.
На забавата присуствуваа и актерите Џош Хартнет, Бенедикт Камбербаџ, Лук Еванс и други.
Текстот Амал го украде внманието во Бакингемската палата е превземен од Reporter.mk.