Амбер Херд призна дека го нападнала Џони Деп

Британскиот медиум „Дејли Мејл“ дошол во посед на аудиоснимка направена во 2015 година, на која се слуша глумицата Амбер Херд како признава дека физички го нападнала поранешниот сопруг Џони Деп. На снимката се слуша нејзиниот и гласот на Џони Деп кој вели дека смртно бил исплашен за неговиот живот.

Амбер признава дека сопругот го удирала со вазни, тави и лонци.

„Те удрив, не знам какви движења направив, но добро си, не те повредив“, се слуша гласот на Амбер на снимката.

Снимката која траела два часа, ја направила Амбер, но како истата завршила до медиумите, засега не е познато.

„Не можам да ти ветам дека нема да се повтори ова. Господи, некогаш знам навистина да се налутам и целосно да ја изгубам главата“, продолжува да зборува глумицата на снимката.

Џони Деп досега неколку пати заврши во болница од повредите за кои тврдел дека му ги нанела Амбер. Глумицата прва ги поднела документи за развод, откако претходно двајцата беа 15 месеци во брак. Пред судот покажала фотографии од модрици кои тврдела дека ѝ ги направил Деп. Изјавила дека бил пијан и дрогиран додека ја удирал.

Џони Деп поднесе контра тужба во која навел дека и тој бил жртва на семејно насилство. Тој ја тужел Амбер од кого побарал оштета во висина од 50 милиони долари. Деп тврдел дека фотографиите кои ги покажала неговата поранешна сопруга била лажни и дека модриците таа самата си ги направила.

 

Текстот Амбер Херд призна дека го нападнала Џони Деп е превземен од Reporter.mk.