Лидерот на Ромите, пратеникот Амди Бајрам подготвува голем спектакл по повод јубелејот, 40 години Европски Ромски бал. Балот ќе се одржи на 11-ти јануари во хотелот Александар Палас во Скопје.
А на списокот, според кажувањата на Бајрам, се гости од целиот свет. Пратеникот најави раскош на балот, онака како што доликувало.
„Се уште се работи на организацијата, се мора да биде доведено до совршенство, бидејќи ова е значаен јубилеј, четири децении се во прашање. Европски Ромски бал е настан кој секоја година привлекува значајни гости од целиот свет. Ќе имаме богато ВИП Голд (златно) мени, со печени јагниња, разни италијански специјалитети, квалитетни алкохолни пијалоци од познати брендови. Ќе се одржи и избор на Мис Европска Ромка“, рекол Барјарм за ,,Фокус”.
Лани на балот дојде облечен како Султан Сулејман. Но, и годинава планирал пак, нешто спектакуларно. Ќе има многу музика, а ќе пеат муизчари како Драган Поканети се политичари и 15 амбасадори. Во ВИП гостите се споменуваат премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, градоначалникот Петре Шилегов, повеќе министри.
Текстот Амди со раскош и печени јагниња на балот, во ВИП ложата Заев, Џафери и Шилегов е превземен од Reporter.mk.