Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ и активистка Памела Андерсон вели дека Американците се програмирани за сè да ги обвинат Русите, додека од друга страна, постапките кон Џулијан Асанж претставуваат пример за тоа што работи Америка кога се во прашање вистинските информации и слободата на говор.
„Ние сме програмирани во Америка да мислиме дека ако нешто тргне наопаку, за тоа е виновна Русија“, вели Памела.
„Луѓето мислат дека Русите се страшни. Тоа е непријатно“, додала таа.
Pamela Anderson Defends Assange and Putin: ‘Everything Is So Anti-Russia’ https://t.co/kXxhD0LUbB via @thedailybeast This woman is a 2nd string Marilyn Monroe who can’t can’t stop looking for a piece of pie.
— Seaperl Productions (@seaperlpro) 17 July 2018
„Америка може да биде многу досадна во однос на тоа колку е антируски насочена“, завршила Памела Андерсон.
Панела потенцирала дека се плаши за Асанж, со кого не зборувала откога му бил исклучен интернетот и му била забранета секаква посета. Таа тврди дека неговата кожа станала проѕирна затоа што не видел сончева светлина со години.
„Тој нема пристап до лекарите надвор од амбасадата“, вели Памела.
Текстот Американците се програмирани да ја обвинат Русија кога нешто ќе тргне наопаку е превземен од Reporter.mk.