Американскиот рапер Фред Годсон почина во Њујорк во добата од 35 години, како последица на коронавирусот. Работите се комплицирале за Годсон откако се заразил со опасниот вирус, затоа што имал астма и проблеми со бубрезуте. Во средата тој завршил на интезивна нега со висока температура, пишува „Дејли Мејл“.
Музичарот пред две недели итно бил пренесен во њујоршката болница. На последната објава на „Инстаграм“, тој објави фотографија како лежи на кревет, поврзан на респиратор. Тој ги замоли своите обожаватели да се молат за него.
„Овде сум со корона. Ве молам сетете се на мене во молитвите“, напиша Годсон.
Неговата вдовица известувала за неговата состојба во болницата, додека тој се бореше со опасниот вирус, но сеуште не се огласила за неговата смрт. Последен пат таа се огласи на 10 април, кога напиша дека тој се бори и победува.
„Срцето силно и добро му работи. Бубрезите му се погодени, но денес почна со дијализа. Фред ќе успее. Бог е добар“, напиша таа.
Покрај сопругата,, Годсон зад себе ги остави и своите две деца. Бројни пријатели и колеги се простија од Фред на социјалните мрежи.
Текстот Американски рапер почина од последица на коронавирус е превземен од Reporter.mk.