Американскиот рапер Кели уапсен за педофилија

Американскиот рапер Р. Кели е уапсен во Чикаго, откако против него е подигнато обвинение по 13 точки, вклучувајќи и злосторства од сексуална природа, соопштил портпаролот на канцеларијата на американскиот обвинител Џозеф Фицпатрик.

Фицпатрик објаснил дека точките на обвиненијата вклучуваат детска порнографија, поттикнување на малолетнички на сексуални односи и спречување на спроведувањето на правдата.

Фицпатрик додал дека деталите од приведувањето на музичарот ќе бидат објавени денеска. Адвокатот на Кели, Стив Гринберг, потврдил за „Чикаго Сан Тајмс“, дела пеајчот е уапсен.

Ова е втор пат како раперот е уапсен поради обвинувањата за сексуални злосторства. Добитникот на „Греми“ наградата е уапсен во февруари по 10 точки за сексуални злосторства, а во кои биле вклучени четири жени, од кои три биле малолетнички, кога дошло до наводното злоставување.

Кели подоцна се изјаснил дека не е виновен и е ослободен со кауција.

 

Текстот Американскиот рапер Кели уапсен за педофилија е превземен од Reporter.mk.