Амиџиќ е супер лик, соседите го фалат српскиот водител

Соседите на српскиот водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Даниела имаат само пофални зборови за нив двајцата. Соседите велат дека стекнале впечаток дека животот на водителот е ист како на телевизија.

Тие велат дека Огњен постојано ги засмејувал. Девојката која работела во кафулето во близина, Јована, вели дека Амиџиќ редовно ги посетувал.

„Амиџиќ редовно нè посетува, но седи многу кратко. Води сметка за исхраната и доаѓа да касне шест јајца, пилешко. Многу е забавен. Кога се одмора не е многу хиперактивенм, но е супер лик“, вели Јована.

Соседите велат дека Огњен води сметка за својот стајлинг и кога не е на телевизија. Секогаш имал сјаен стајлинг.

„Огњен шета со шарени чорапи и некои интересни влечки и маица. Неговата сопруга секогаш е средена и главно доаѓа со синот кај нас“, додава Јована.

Вработените од фризерскиот салон што се ноѓа во близина на неговиот дом велат дека Огњен често знае да ги посети. Велат дека е одличен комшија и понекогаш знае да им раскаже одлична шега.

„Огњен е одличен комшија. Можеби некој ќе помисли дека премногу го фалиме, но тоа е навистина така. Огњен е забавен и секогаш знае некоја фора да ни фрли“, изјавил еден од фризерите.

Постар господин, кој исто така е еден од неговите соседи, вели дека тој е еден од неговите големи фанови, но вели дека тоа не е само затоа што се комшии.

„Го гледам понекогаш, иако Огњен излегува од гаражата со автомобил. Ја гледам неговата емисија. Носи некои од пејачките, па се шегува со нив. Драго ми е што е толку нормален. Многу би се расипале во однесувањето да се на негово место, но тој е нормален“, вели соседот на Огњен.

 

 

 

Текстот Амиџиќ е супер лик, соседите го фалат српскиот водител е превземен од Reporter.mk.