Ана Бунтеска ги собра жените на промоцијата на двете нови книги

Писателката Ана Бунтеска викендов промовираше две нови книги: „Понеделнички муабет“ и „Најди ми име“. На промоцијата што се одржа во скопското кафуле „Жапон“, стихови од писателката рецитираа седум дами: Катерина Шехтанска, Татјана Алексиќ, Соња Р. Јовановски, Ирена Спировска, Драгана Левенска, Емилија Пападимитров и Марија Кондовска. Потоа, Биба Додева ја испеа песната „Најди ми име“, која Бунтеска ја напиша за неа, а со која пејјачката победи на годинашниот „Охрид фест“.

„Ви благодарам на сите што сте тука и што на моменти ме сакате повеќе отколку што се сакам јас себе“, рече писателката, а гостите ја поздравија со силен аплауз. По официјалниот дел, Бунтеска скоро цела вечер потпишуваше книги за своите пријатели и големиот број обожаватели.

Фото: Фејсбук

Текстот Ана Бунтеска ги собра жените на промоцијата на двете нови книги е превземен од Reporter.mk.