Ана и Бастијан за првиот роденден на синот купија стан во Минхен од милион евра

Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер минатата недела му го прославија на синот Лук првиот роденден, а за подарок му купија стан во Германија вреден преку милион евра.

Поранешната тенисерка и фудбалер направија забава во рамки на најблиските. Биле поканети кумот, семејството и најблиските пријателки, а недвижноста ја пазареле, како што самите велат, сакале паметно да инвестираат во животот на својот првенец.

Тие се одлучиле за стан во таканаречената „паметна зграда“ во Минхен, кој ќе го издаваат се до полнолетството на својот син.

„Ана и Бастијан сакаат да вложат сè во иднината на своето дете. Не се двоумеле премногу околу роденденскиот подарок, затоа што сакале да му обезбедат нешто шт ќе му значи за цел живот. Вистина е дека двајцата се финансиски одамна обезбедени, но недвежностите никогаш не губат на вредност, особено не во Германија. Бастијан инаку е емотивно врзан за Минхен. Тоа е град каде играше фудбал и каде живее неговото семејство“, вели близок пријател до двојката и додава дека иако сопружниците живеат во Чикаго, во хотел кој има прекрасен поглед на езерото Мичиген, Германија е нивната база.

„Станот во Германија се наоѓа на една од најдобрите локации во Михен. Местото има околу 150 квадрати. Три спални соби, една детска, голем дневен престој, огромна тераса, гаража, кујна и две купатила. Тоа што е интересно е дека сè е на копче. Да речеме, ако сакате да слушате музика, само изговорете го името на изведувачот и уредот веднаш се уклучува“, вели изворот.

„Ана и сопругот максимално се посветени на своето дете. Имаат и помош од нивните родители и навистина живеат во вистинска оаза на љубовта и благосостојбата. Би сакале да имаат уште деца, а засега уживаат во одгледувањето на Лук“, вели изворот.

 

Текстот Ана и Бастијан за првиот роденден на синот купија стан во Минхен од милион евра е превземен од Reporter.mk.