Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер бараат нов дом

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ заедно со нејзиниот сопруг фудбалерот Бастијан Швајнштајгер бараат ново место за живеење. Ана вели дека имала само еден услов за Бастијан, при изборот на нивниот иден дом.

Ана вели дека не може да го замисли нивното идно место на живеење без тераса. Поради обврските на Швајнштајгер двојката во моментов живеае во Чикаго, а апартманот во кој престојуваат се наоѓа во хотелот „Валдорф Астори“, кој има поглед на езерото Мичиген.

Според неофицијални информации, изнајмувањето на овој апартман вреди околу 30.000 евра, а во случај на продажба, сопствениците би заработиле неверојатни 10 милиони евра. Пентхаусот се состои од дневна соба, семејна соба, трпезарија, а во станот има пет купатила кои се опремени со најмодерни елементи.

Во нив има по две лавабоа, две туш кабини, а вкупната нивна површина изнесува околу 230 квадрати.

Текстот Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер бараат нов дом е превземен од Reporter.mk.