Српската пејачка Ана Николиќ има големи проблеми со својата тежина. Проблемите со килограмите на српската пејачка настанале непосредно пред таа да се породи.
Николиќ во породилиштето пристигнала со 125 килограми. И покрај големите напори, преку разни диети и вежби да се ослободи од вишокот на килограми, засега Николиќ не успева во тоа.
„Ана не може да ослаби пореди одредени здравствени проблеми, со кои се бори претходниве месеци. Поради тоа нејзиниот метаболизам е побавен, иако целосно го промени начинот на живот. Се врати на тренинзите и здравата исхрана, но килограмите не заминуваат. Малку ќе ослаби, па малку ќе се здебели. Сакаше да биде добра мајка и ништо не правеше на штета на својата ќерка Тара, па така изгладнувањето не доаѓаше предвид“, вели нејзин близок пријател.
Текстот Ана Николиќ има проблеми со тежината е превземен од Reporter.mk.