Српската пејачка Ана Николиќ веќе два месеца е во врска со нејзиниот личен шофер Иван, пишува „Телеграф“. Според нив, Ана ја криела врската од јавноста најмногу за да не дознае нејзиниот поранешен сопруг, раперот Стефан Ѓуриќ – Раста.
Откако дознал дека Ана е во врска со шоферот, Раста наводно направил скандал во нивниот дом.
„Кога Раста слушна дека Ана е во врска со возачот, тој полуде. А Ана е пресреќна во новата врска! Иван ја третира како принцеза. Тој дури ја натера Ана да ослабе. Се познаваат со години, секогаш беа тука еден за друг. Конечно, по долго време, Ана е среќна и задоволна со себе. Тој ја охрабри да се посвети на кариерата. Иван се грижи многу и за нејзината ќерка и добро ја третира. Тој е вистинскиот човек за неа. Ѝ го посветува целото внимание на Ана, а таа покрај него се чувствува вредно“, рекле блиски пријатели на поранешната двојка за порталот.
Текстот Ана Николиќ во врска со личниот шофер е превземен од Reporter.mk.