Ана Севиќ ја доведе во опасност ќерка си

Пејачката Ана Севиќ и нејзиното ново момче ја доведоа во опасност нејзината ќерка, која ја доби со пејачот Дарко Лазиќ.

Ана ја ставила четиригодишната ќерка на моторот на нејзиното момче, а потоа и таа седнала.

„Ана и Даниел веќе неколку дена престојуваат во Црна Гора со нејзината ќерка. Преку ден уживаат на разни плажи и кафеани, а навечер ги посетуваат познатите ресторани на крајбрежјето. Би рекол дека Ана е среќна покрај Даниел. Ги гледам насмеани, додека малата Лорен ужива во морето“, вели близок пријател на Ана.

❤️💋

A post shared by ANA SEVIC OFFICIAL (@anasevic85) on

Пред еден хотел, момчето на Ана прв седнал на моторот, а потоа пред себе ја сместил и малата Лорен, додека зад него седнала Ана.

Никој од нив немал кацига и заштитна опрема за возење на мотор. Многумина минувачи коментирале дека Ана не размислува за безбедноста на детето.

Го прекршиле законот затоа што се возеле без кацига, а на возилото имало повеќе лица од дозволеното. И двајцата го прекршија законот. Дете помладо од 12 години не смее да се вози на мотор.

„Кога сфатила дека врската оди во сериозен правец, Ана одлучила да го запознае новото момче со ќерка си. Нивното запознавање минало добро, а Лорен брзо го прифатила новото момче на својата мајка. Тројцата си поминуваат убаво на одмор и сè е во ред со нивната врска“, вели изворот.

📸🖇❤️💋

A post shared by ANA SEVIC OFFICIAL (@anasevic85) on

За потсетување, Ана Севиќ се развела од сопругот Дарко Лазиќ на крајот на минатата година. Доста се шпекулирало за причините за нивната разделба, а и двајцата изјавиле дека измамата не е тоа што довело до разводот.

Недолго откако стави точка на бракот со Дарко Лазиќ, Ана заплива во нова романса, која сега стана сериозна врска.

 

Текстот Ана Севиќ ја доведе во опасност ќерка си е превземен од Reporter.mk.