Анастасија призна дека била во врска со постари мажи

Ќерката на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија во своето интервју во емисијата „Магазин ИН“, открила дека била во врска со постари мажи.

Пејачката ретко говори за својот приватен живот, особено за љубовта, но во емисијата откри дека во минатото имала среќа да биде со постари мажи на кои им била прва девојка.

„Јас ја имав таа среќа на моите дечковци им бидам прва или втора девојка. Така што не морав да размислувам на темата за нивните поранешни девојки. Тие беа сите далеку постари од мене. Мојот сегашен дечко е дури 9 години постар од мене. Но, ни сега нема на што да бидам љубоморана. Со девојката со која излегувал пред мене, не биле во сериозна врска“, изјавила Анастасија.

Ќерката на Цеца објасни и што е тоа што и е важно кај мажите.

„Мене ми е важно да биде духовит, да има харизма, сите девојки да сакаат да бидат со него. Да биде брутален фраер. Не е се во физичкиот изглед, но тоа е првата работа која ви е привлечна. Подоцна ќе видите дали сте компатибилни“, изјавила Анастасија во емисијата „Магазин Ин“.

 

Текстот Анастасија призна дека била во врска со постари мажи е превземен од Reporter.mk.