Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, веќе не живее со момчето Ѓорѓе Куљиќ. Таа се отселила од изнајмениот стан во кој живееја неколку месеци и се вратила во семејниот дом, пишуваат српските медиуми. Тие не знаат зошто Анастасија си заминала од станот на Врачар, но според близок пријател на пејачката, таа не раскинала со момчето.
„Анастасија е сè уште во врска со Ѓорѓе, но тие веќе не живеат заедно. Таа се врати во семејниот дом на почетокот на октомври, бидејќи се чувствува најдобро таму. Членовите на нејзиното семејство се среќни што се повторно заедно“, рекол извор близок до пејачката за „Пулс онлајн“.
Анастасија минатата пролет реши да почне да живее со Ѓорѓе, а нејзината одлука тогаш ја поддржа и Цеца.
„На мајка ми ѝ беше криво, сака сите да сме заедно, ама знае и дека ова е нормален чекор во животот, па ме поддржа. Јас постојано доаѓам дома, а мајка ми некогаш преспива кај мене“, изјави Анастасија брзо по преселбата.
Текстот Анастасија Ражнатовиќ веќе не живее со дечкото е превземен од Reporter.mk.