Холивудската глумица Анџелина Џоли е бесна на нејзиниот поранешен партнер Бред Пит, поради неговата изјава за медиумите во пресрет на SAG наградите. Нејзин близок пријател открива дека таа чувствува дека Пит не ја почитува и дека нивната врска е предмет на потсмев кај другите.
„Морав да глумам тип кој се дрогира, се шета без маица и не се согласува со својата жена. Тоа е сосема спротивно од мене“, изјавил Пит, кога ја примил наградата.
Ова многу ја налутило Џоли, која почувствувала дека нејзиниот поранешен партнер се исмева на нејзина сметка, открива изворот за „Холивуд репортер“.
Тој вели дека Џоли нема проблем Бред Пит да ѝ се врати старата љубов Џенифер Анистон. Но ѝ смета кога тој дава понижувачки изјави. Бред Пит и Џенифер Анистон беа видени на церемонијата на САГ наградите, а на моменти изгледаа како да не сакаат да се одвојат еден од друг.
Текстот Анџелина Џоли е бесна на Бред Пит е превземен од Reporter.mk.