Популарната холивудска глумица Анџелина Џоли, е исплашена за своите децата и полека го губи разумот, пренесува National Enquirer.
Таа сега живее во страв и полека го губи разумот, вели нејзиниот поранешен телохранител Марк Билинхам. Тој открива дека Џоли е загрижена за безбедноста на нејзините деца, поради богатството кое таа и нејзиниот сопруг го имаат.
„Во периодот додека работев за Џоли и Бред, тие беа многу загрижени за нивните деца. Постојано морав да патролирам околу нив. Се плашеа дека можат да бидат киднапирани во замена за пари. Сè се врти околу парите“, изјавил Марк.
„Анџелина се плаши дека во желбата некој да дојде до нејзиното богатство, би можел да им наштети на нејзините деца. Тоа е нормално и разбирливо, но, мене ми се чини дека таа претерува. Стана параноична. Со ноќи не спие“, вели нејзиниот поранешен телохранител.
Откако во 2016 година се разведе од нејзиниот партнер Бред Пит, таа води битка околу старателството над нивните шест деца, Макс, Пакс, Захара, Шило и Вивиен и Нокс.
Иако досега не е официјално потврдено, светските медиуми неодамна пишуваа дека таа полека ја губи судската битка со Бред и дека по долгата и горчлива борба, на крајот ќе мора да му признае пораз и да му дозволи и тој да има старателство над нивните шест деца.
„Џоли ја развлекуваше битката околу старателството најмногу што можеше и тоа ги фрустрира луѓето околу неа, вклучувајќи го и судот. Но, сега и се намалува маневарскиот просот и поради тоа ќе мора да го признае поразот“, изјавил изворот и додал дека на глумицата не и помогнало тоа што побарала од судот посебен третман за неа.
Џоли побарала промена од судот кој го води нивниот случај, поради наводно блиските врски со Бред и неговиот адвокатски тим, но судот го одби нејзиното барање.
На Џоли не и се допаѓало како се развиваат работите во судницата, па сакала да го промени судијата. Но, никој не верувал во нејзините аргументи. Работите во судницата не се одвиваат во нејзина корист, колку и да сака да ги одолговлекува, објаснил извор близок до глумицата.