Анџелина Џоли го губи судскиот случај за старателство над децата

Глумицата Анџелина Џоли го губи судскиот случај против Бред Пит за старателство над нивните деца Пакс, Нокс, Захара, Вивијен и Шајло. Светските медиуми пренесуваат дека Џоли сака да го задржи примарното старателство над нивните деца, додека Бред Пит бара подеднакво да бидат вклучени во нивниот живот.

По три години откако Џоли поднесе барање за развод, двајцата сè уште се немаат договорено за поделба на старателството на нивните деца. По разводот, децата живеат со мајка им, а иако Бред сè повеќе време минува со децата, Џоли сака да ја има улогата на примарен родител.

„Малку е веројатно дека Анџелина ќе го задржи примарното старателство. Судот нема докази дека Бред е неподобен родител и не постојат докази за злоупотреба на децата или користење на дрога и алкохол од страна на татко им. Малку е веројатно судијата да не им додели заедничко старателство“, изјавил Дејвид Писар, адвокат  за семејно право од Калифорнија.

Писар вели дека Анџелина е неразумна во своите барања и дека Бред Пит е добар и грижлив татко.

Текстот Анџелина Џоли го губи судскиот случај за старателство над децата е превземен од Reporter.mk.