Анџелина Џоли му се враќа на Бред Пит, разводот е под знак прашање

Разводот помеѓу Анџелина Џоли и Бред Пит е ставен под знак прашање, а како што тврди извор близок до поранешната холивудска двојка, можно е дури и нивно помирување.

Заедничкиот пријател вели дека Бред и Џоли се виделе на 25 јануари за да може на само, двајцата, лице во лице, да разговараат и да се договорат околу старателството и разводот.

Тоа претходно не било случај. Откако во 2016 година Бред и Џоли официјално сè разделија, двајцата се држеле на растојание еден од друг и сè гледале само доколку тоа било потребно на суд.

„Работите меѓу нив добија многу лоша и негативна конотација“, вели изворот, објаснувајќи ја нивната борба за старателство и конечниот развод и ставање крај на бракот преку судски пат.

„Ретко зборуваа и не се гледаа освен ако покрај нив немаше психијатар или адвокат. Навистина беше ужасно. Сега Џоли и Бред сакаат да разговараат самите без присуство на адвокат. Двајцата се договориле да сè најдат во една соба во хотел во „Беверли Хилс“. Се гледале без никакви очекувања еден од другиот. Само сакале да испијат кафе и да поразговараат како двајца возрасни луѓе. Кога Бред ја виде Џоли почнал да плаче“, објаснува изворот, наведувајќи дека тоа е прв пат да се видат по 908 дена.

Бред наводно не престанал да плаче цели два дена, а Џоли исто така попуштила со своите емоции. Разговорот станал премногу емотивен кога од темата на старателството се префрлиле на нивниот брак.

„Бред почнал да ѝ се извинува, а Џоли била изненадена кога почнал да ја моли да му прости. Сè согласиле дека и двајцата минале низ тежок период“, вели нивниот пријател, кој објаснува дека пред да се разделат, двајцата пред него се прегрнале и се согласиле да се видат повторно.

„Состанокот мина позитивно“, вели изворот кој објаснува дека по ваквата средба можно е двајцата повторно да се смират и да го откажат разводот.

„Анџелина покажала толку емпатија што воопшто зачудува. Претходните години била многу ладна и одлучна да го уништи Бред и да му земе сè што поседува“, вели изворот.

Причината за смирувањето, како што пренесуваат американските медиуми, наводно била љубомората на Анџелина, предизвикана од гласините дека Бред се гледа со друга жена.

„Вистината е дека Бред и недостасува и дека тој е најдобриот фраер кој Џоли некогаш го имала“, вели нивниот пријател.

Тој дополнил дека иако постои можност за смирување, двојката се согласила дека најдобро е работите да се одвиват полека, за да не ги збунат дополнително нивните деца, кои веќе се во хаос поради драмата која трае неколку години.

 

 

 

Текстот Анџелина Џоли му се враќа на Бред Пит, разводот е под знак прашање е превземен од Reporter.mk.