Анџелина Џоли има нов дечко пишува светскиот таблоид US Weekly. Светскиот магазин објави дека глумицата од неодамна почнала да излегува со маж кој го запознала на интернет апликацијата за запознавање „Тиндер“.
Извор близок до глумицата не сака да открие за кого станува збор, но откри Џоли е отворена за нова врска и дека Бред Пит е веќе минато за неа.
„Џоли во моментов е фокусирана на децата и целосно расчистување на разводот со Бред Пит. Сепак таа сака да излегува и да запознава нови лица. Џоли сака нов маж во нејзиниот живот и таа веќе имала неколку средби со непознати мажи“, открива изворот.
Џоли пред три години поднесе барање за развод од Бред Пит кој во скоро време треба да добие судска развршница. Пит почна од неодамна да излегува со Сат Хари Калса, позната дизајерка на накит.
Текстот Анџелина Џоли најде дечко преку „Тиндер“ е превземен од Reporter.mk.