Американската актерка Анџелина Џоли има нова љубов, пишуваат американските медиуми. Според пишувањата на американскиот магазин National Enquirer, Џоли се има заљубено во нејзиниот телохранител.
Како што е наведено тој е причината за одличното расположение и изглед на актерката. Двајцата секогаш се заедно. Кога е во негова близина, Џоли изгледа како заљубена тинејџерка, открил неименуван извор за споменатиот магазин.
Џоли својот телохранител го запознала на сетот на филмот Those who wish me dead во Њу Орлеанс.
По разводот од Бред Пит, поради што Џоли постојано е во жижата на јавноста во претходните три години, фановите немаа можност да ја видат во машко друштво, туку само во придружба на нејзините деца.
Јановста Џоли ја спојуваше со неколку мажи. Прво со британски бизнисмен, потоа со уметник од Камбоџа, а најновите трачеви беа врските со нејзините колеги Колин Фарел и Кијану Ривс, нешто што и двајцата никогаш не го потврдија.
Текстот Анџелина Џоли повторно е заљубена е превземен од Reporter.mk.