Анџелина Џоли: Улогата како вештерка ми помогна да откријам многу работи за себе

Глумицата Анџелина Џоли во едно од своите последни интервјуа открила дека улогата во филмот „Трнорушка“, каде таа глуми вештерка, ѝ помогнала да ја врати самопочитта и да ја подигне неа на едно повисоко ниво и како човек и како мајка. Џоли многупати била во недоумица за тоа дали е добра мајка и како се однесува кон другите луѓе.

„Филмот ми помогна да откријам многу работи за себе. Овој филм многу ми значи, затоа што во него се говори за самопочитта и за тоа дека треба да останеш таков каков што си природен, без разлика на тоа како другите те гледаат или што очекуваат од тебе“, изјавила Џоли.

Глумицата додала дека некогаш кон себе и кон своите блиски знаела да биде преостра, а дека нејзините деца поради тоа ја сметале за вештерка.

„Секоја ноќ кога ќе си легнам во кревет длабоко во себе се прашувам која сум јас навистина. Дали сум добра личност и дали на другите луѓе им посакувам добро. Дали кон моите деца се однесувам како што треба. Тие знаат понекогаш да ми кажат дека се однесувам како вештерка“, вели Џоли.

Џоли до пред десет години беше една од најплатените актерки во светот, а потоа се посвети на хуманитарната работа. Дополнителен проблем ѝ направи бракот со Бред Пит поради кој мораше да се повлече од глумата.

Неодамна порталот Hollywood Reporter објави листа на најмоќни луѓе во средиштето на филмската индустрија, а актерката ја немаше ниту во првите 100. Сепак, многу филмски критичари сметаат дека оваа улога ќе ја врати Џоли повторно на врвот во Холивуд. Првиот дел излезе во 2014 година, а сега се очекува да излезе и вториот дел. Филмот досега имаше три номинации за „Оскар“ и бруто заработка преку 1,5 милијарда евра.

Текстот Анџелина Џоли: Улогата како вештерка ми помогна да откријам многу работи за себе е превземен од Reporter.mk.