Холивудските ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли се договорија околу старателството над децата. Некогашната холивудска двојка се разведе во 2016 година, по две години брак и оттогаш водат битка за старателството над своите шест деца.
Американските медиуми пренесуваат дека убавата актерка и Бред ја откажале судската расправа и се на пат да постигнат договор околу заедничкото старателство.
И двајцата сватиле дека ваквата ситуација само им штети на децата и се подготвени да се договорат околу старателството.
Бред досега поминува минимално време со децата, но тоа наскоро ќе се промени, со договор на двете страни. Бред Пит и Анџелина Џоли имаат шест деца. Најголемиот е Медокс и има 17 години. Пакс има 14, Захара 13, Шило има 12, а близнаците Вивиен и Нокс имаат по 10 години.
Текстот Анџелина и Бред се договорија околу старателството над децата е превземен од Reporter.mk.