Холивудската глумица Анџелина Џоли сака да му се врати на Бред Пит, пишуваат американските медиуми. Таа во 2016 година поднесе барање за развод, но двојката се уште ги нема потпишано документите. Извор близок на семејство за магазинот „Сан“ рекол дека Анџелина разговарала со Бред и му кажала дека сака да ја обнови врската со него. Таа наводно и ги одолговлекува преговорите за развод со надеж дека ќе го спаси бракот.
„Таа сака повторно да бидат семејство и изгледа не е подготвена да продолжи без него,“ рекол пријателот на семејството за „Сан“.
Таблоидот пишува дека Бред не сака да остане во брак со Анџелина, но е подготвен да остане во пријателски односи со неа поради нивните деца. Твојката има три биолошки и три посвоени деца.
Текстот Анџелина сака да му се врати на Бред Пит е превземен од Reporter.mk.