Анџелина Џоли сакала да го сврти својот син Пакс, против неговиот татко Бред Пит, велејќи му дека тој никогаш не го посакувал за свој син“, пишува „Дејли Мејл“.
Поранешната холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, долго време водеа борба околу старателството над децата, а „Дејли Мејл“ објави детали поврзани околу бракоразводната постапка.
Пријател на поранешната брачна двојка тврди дека Анџелина му рекла на Пакс дека Бред збеснал кога таа го покренала процесот на посвојување.
„Иако Бред тврдеше дека тоа не е вистина, сепак ваквата изјава многу го нарушил односот меѓу него и Пакс“, вели изворот.
Иако по долготрајните конфликти кои ги имале, поранешната холивудска двојка сепак на крајот и двајцата се договориле околу старателството над нивните шест деца.
Сепак како што пишува „Дејли Мејл“, односот кој Бред го има со неговите деца никогаш не бил полош.
Текстот Анџелина сакала да го сврти синот против Бред Пит е превземен од Reporter.mk.