Облечени како модерни каубои, Андреј и Панчо, членовите на ар-ен-би дуото „ДНК“, во Чикаго, САД, го снимија спотот за новата песна „Кога би знаела се“. Тие видеото го снимаа метро-станицата и на неколку различни локации во градот. Промоцијата на спотот се очекува наскоро.
Андреј и Панчо веќе десетина дена се во Чикаго. Тие освен што снимаа, времето го искористија и за да се прошетаат низ градот, па беа на НБА кошаркарски натпревар на „Чикаго булс“, но и на вечера во ресторанот на Мајкл Џордан.
Текстот Андреј и Панчо модерни каубои е превземен од Reporter.mk.