Андрија Милошевиќ не е мамин син, вели неговата девојка Александра

Српскиот актер Андрија Милошевиќ се пофали со неговата девојка Александра Томиќ. Тој во изјава за новинарите вели дека често ја носи во неговото родно место во Црна Гора.

Андрија во Црна Гора има брат Велибор кој живее со неговата мајка Вера, а Александра покрај него, вели дека ѝ таа ја засакала земјата. Александра смета дека тоа било сосема нормално, со оглед на тоа дека ѝ нејзиното момче поголем дел од својата младост ја минало во Црна Гора.

На прашањето на новинарите каква личност е Андрија и дали тој бил вистински мамин син, каков што во јавноста во последно време се ширеле гласини, Александра вели дека тоа не е вистина.

„Не è. Андрија се разбира е приврзан за неговата мајка, што е нормално, но не е размазен“, вели Александра.

Акраторт пред три години купил плац на местото Жабљак. Медиумите пишуваа дека Андрија имал во план да гради викендица на ова место, но од тогаш ништо се нема променето. Тој често оди на плацот, а на прашањето дали почнал да гради викендица, тој одговорил дека засега нема ништо од тога.

„Нема куќа. Засега имам само земја“, бил краткиот одговор на Андрија.

На прашањето каде подобро се снаоѓаат двајцата, по дома или на сетот, Александра вели дека во тек е снимање на нова комедија, во кој ќе глумат двајцата. Но, засега не е снимен заеднички кадар од нив двајцата.

„Во новата комедија немаме заеднички кадар. Но, супер се согласуваме. Секаде супер се согласуваме“, вели Александра.

Андрија вели дека денес е време во кое луѓето многу тешко можеш да ги насмееш.

„Луѓето веднаш се растажуваат наутро кога ќе ги видат весниците. Тешко е да се направи комедија. Тоа бара интеракција со публиката. Но, ова не е типична комедија. Има повеќе слоеви, мелодрами, романтика, животни приказни. За секого има по нешто“, вели Андрија.

Многумина од фановите приметиле дека Андрија во последно време ослабел околу 20 килограми, а Александра вели дека таа не è виновна за тоа.

„Не го терав јас да ослабе. Веројатно сам сватил дека сега подобро се чувствува“, изјавила Александра.

„Така е. Сега се чувствувам одлично“, изјавил Андрија.

 

 

 

 

Текстот Андрија Милошевиќ не е мамин син, вели неговата девојка Александра е превземен од Reporter.mk.