Српскиот глумец Андрија Милошевиќ открил дека без диета за една година ослабел 20 килограми. Во емисијата на Огњен Амиџиќ, „Ами Џи шоу“, тој рекол дека почнал да слабее дури откако го сменил начинот на исхрана.
„Уште се навикнувам дека остана половина од мене. Не држев диети, само малку ја променив исхраната и начинот на живот, и тоа е тоа. Не јадам тешка и мрсна храна, шеќери. Диета нема во ништо да ви помогне. Не почнувајте диета, туку одете кај луѓе што ќе ви препишат како да се храните цел живот“, рекол Андрија во емисијата.
Популарниот глумец на социјалните мрежи често објавува свои фотографии и се шегува на сметка на новиот изглед. Фановите, пак, му порачуваат дека никогаш не изгледал подобро.
Текстот Андрија Милошевиќ ослабе 20 кила без диета е превземен од Reporter.mk.