Многу холивудски ѕвезди и припаѓаат на православната вероисповед. Некои од нив потекнуваат од православни семејства, некои прешле во православието од љубов, а постојат и оние кои барале религија која потполно ги исполнува и тоа го пронашле во православието.
Таков е случајот со актерот Џонатан Џексон, кој честопати ја посетува Светата Гора и секогаш ги спомнува монасите од ова свето место и им е благодарен што се молат за нас.
Популарната актерка Џенифер Анистон е од православната вера? Нејзиниот татко е роден во Грција, на Крит, па својата ќерка ја воспитал во духот на православието. Па така таа Божиќ го прослави на 7. јануари со сите обичаи кои ги наложува оваа вера.
Славното семејство Кардашијан со потекло од Ерменија, исто така е православна вера, а пред две години Ким отпатува во својата татковина за Божик.
Сепак, најбројни се оние кои преминале во православна вера од љубов. Меѓу нив е и преубавата Наоми Кемпбел, супермодел со корени од Јамајка. Во православието преминала 2008. година кога го запознала рускиот бизнисмен Владислав Доронин, со кој по 5 години љубов го прекинала секој контакт.
Легендата на холивудските филмови Том Хенкс преминал во православието пред 30 години, кога одлучил да се ожени со Рита Вилсон, со која и денес е во брак. Со неа има две деца, кои се воспитувани во православен дух. Освен него, во православна вера пред 5 години преминало и целото негово семејство.
И актерот Кристијан Бејл пред 17 години преминал во православната вера поради србинката Србослава (Сиби) Блажиќ, со која е во брак од 2000. година.
Истото го направил и Дејвид Ган, пејачот на групата Depeche Mode, кој и се приклучил на нашата црква поради сопругата Џенифер Склијаз која потекнува од Грција, а во брак се од 1999. година.
Текстот Анистон и Кардашијан славеа православен Божик: Кој холивудски ѕвезди се православни е превземен од Reporter.mk.