Хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ, фудбалската кариера ја почна во селото Доњи Вињани. Неговиот најдобар пријател од детството на Ребиќ, Лоро Шиндик, за хрватските медиуми откри дека познатиот фудбалер ги платил кредитите на сите селани штом почнал да заработува од фудбалот.
„Тоа е мало место, недалеку од Сплит. Анте си замина оттаму на 19 години, отиде во Италија, но не заборави од каде потекнува. На сите во селото им ги платите кредитните задолжувања, таму живеат околу 500 луѓе“, открил Шиндик.
Покрај патот за Вињани се поставени плакати со ликот на Ребиќ.
„Хрватска може апсолутно сè, одиме до крај“, додал најдобриот пријател на Ребиќ.