Актерот Антонио Бандерас вели дека целиот живот му се има променето откако во 2017 година доживеал инфаркт. Бандерас вели дека овој немил настан до толку го има променето што сега има поинаков израз на лицето.
„Во тој момент сфатив дека единствена сигурност во животот е смртта. Животот е поинаков откако ќе доживеете инфаркт. Ви остануваат трајни последици. Мене, на пример, ми се промени изразот на лицето“, истакнал Бандерас.
Тој признава дека на прв момент ударот не делувал толку опасно, но по неколку месеци сфатил дека треба сериозно да се грижи за своето здравје.
Во телевизиска емисија Бандерас отворено говорел дека од тој момент постојано се прашувал за смислата на животот. Признал дека во тие моменти изгледало како да ѝ гледа на смртта во очи.
Бандерас недолго по инфарктот изјавил дека единствена добра работа од сето тоа е новиот начин на живот. Тој вели дека по тој момент одлучил да престане да пуши.
Текстот Антонио Бандерас: Инфарктот ми го промени изразот на лицето е превземен од Reporter.mk.