Антонио Бандерас е луд по својата сопруга Никол Кимпел, а тоа го покажа на неодамнешната појава на црвениот тепих на доделувањето на „Еми наградите“.
Актерот не се двоеше од неговата нова љубов која е помлада од него 19 години. Никол беше со актерот цело време на почетокот на годината, кога Бандерас доживеа срцев удар. За среќа брзо се опорави.
Бандерас зад себе има два пропаднати брака. Својата врска со Кимпел ја започна во 2014 година, недолго откако се разведе од Мелани Грифит.
Бандерас со Мелани помина 20 години, а во меѓувреме ја добија и ќерката Стела. Двојката официјално се разведе во декември 2015 година. Како причина двете страни ги наведоа непремостливите разлики.
Пред Мелани, актерот беше во брак со Ана Леза, со која мина цела деценија.
Текстот Антонио Бандерас ужива во љубовта со Никол Кимпел е превземен од Reporter.mk.