Пејачката Аријана Гранде планира да направи посебен концерт во Манчестер, кој ќе се одржи во рамки на нејзината турнеја. Пејачката пред две години настапи во овој град, кога беше извршен терористички напад.
Немилиот настан се случи во мај 2017 година, кога во „Манчестер Арената“, за време на нападот загинаа 22 лица.
„Потребно ни е уште малку време да се договориме за да го објавиме точниот датум на одржувањето на концертот. Но, голема е веројатноста дека ќе дојдеме. Ве сакаме“, напишала Гранде на Инстаграм.
Засега не е познато како овој концерт ќе се разликува од останатите, кои се најавени за време на турнејата. Аријана Гранде во 2017 година само две недели по терористичкиот напад, настапи на хуманитарен концерт во Манчестер.
Концертот тогаш беше одржан во сеќавање на жртвите кои го загубија животот.
Текстот Аријана Гранде две години по терористичкиот напад најави концерт во Манчестер е превземен од Reporter.mk.