Магазинот „Билборд“ ја прогласи поп-пејачката Аријана Гранде за жена на годината. Наградата ќе ѝ биде врачена на 6 декември во Њујорк. Причината за ова е големиот успех на нејзиниот последен албум Sweetener. Песните од албумот беа високо рангирани на Билбордовата листа синглови, а се и меѓу најслушаните во 2018 година.
„Аријана Гранде е оригинална ѕвезда која не ги следи актуелните текови и правци во музичката индустрија. Таа стои зад своите одлуки во светот кој често не е добронамерен кон силните млади жени. Таа е храбра и во моментот ствара најдобра музика во својата кариера, таа заслужува да биде жена на годината“, изјавил Рос Скарано од „Билборд“.
Минатата година оваа награда ја доби Бијонсе.
Текстот Аријана Гранде е жена на годината е превземен од Reporter.mk.