Аријана Гранде ја раскина свршувачката

Светската ѕвезда Аријана Гранде ја раскина свршувачката со актерот и комичар Пит Дејвидсон, четири месеци откако откри дека ќе се мажи.

„Причината за раскинувањето е смртта на раперот Мек Милер, поранешниот дечко на Аријана. Долго време беа заедно и таа не може да се помири со неговата смрт. Аријана ја откажа турнејата, неутешна е, вели дека таа е виновна што тој се самоуби“, изјавил близок пријател на Гранде за американските медиуми.

Пејачката и комичарот се свршија неколку недели откако ја почнаа врската. На 30 мај потврдија дека се заедно, а само неколку дена потоа Гранде го покажа дијамантскиот свршенички прстен. Таа во медиумите изјавуваше дека е пресреќна и дека Пит е најдоброто нешто што ѝ се случило. Дејвидсон, пак, во неколку интервјуа рече дека се плаши дека Аријана ќе сфати дека тој не е за неа и дека ќе го остави.

 

Текстот Аријана Гранде ја раскина свршувачката е превземен од Reporter.mk.