Славниот дизајнер Џорџо Армани организира голема изложба, во соработка со омилениот фотограф Сара Мун, со кој ја слави Модната недела во Милано, која е во тек. Целта на изложбата е да се слави едноставноста, препознатлива и кај двата автора и нејзиниот најсилен ефект.
Ретроспективната изложба што ги опфаќа четирите декади од работата на креаторот се организира во галеријата на Армани во Милано и ќе трае до 6 јануари 2019.
„И двајцата уживаме да создаваме повеќе со помалку и да работиме со или без боја“, вели Мун и потенцира дека ѝ е чест што Армани ја поканил и ѝ ја дал слободата сама да ги избира делата.
Текстот Армани со голема изложба ја слави Модната недела во Милано е превземен од Reporter.mk.