Арнолд Шварценегер стана веган

Арнолд Шварценегер повеќе не јаде месо. Глумецот целосно го сменил режимот на исхрана од минатото кога јадел многу за да ја одржи мускулната маса. Арнолд вели дека како веган, се чувствува многу поздраво и посреќно.

„Немам пробано месо долго време. Сега сум 99 % веган и се чувствувам одлично“, изјавил поранешниот гувернер на Калифорнија.

Шварценегер вели дека повеќе не јаде туна и јајца. Тој како и многумина бил под влијание на лажните вести за веганството.

„Луѓето мислат дека ќе го нарушат здравјето ако не јадат месо. Тоа не е точно. Погледнете ме мене. Јас неколку години немам пробано месо и сега сум поздрав од кога било претходно“, изјавил Шварценегер.

 

Арнолд вели дека имал проблеми да го зачува режимот на исхрана додека го снимал последниот филм „Terminator – Dark Fate“.

„За време на снимањето ме нудеа со чипсови, торти и грицки. Не можев да одбијам“, признал Шварценегер.

 

 

Текстот Арнолд Шварценегер стана веган е превземен од Reporter.mk.