Арон Картер ќе стане татко

Контроверзниот пејач Арон Картер, познат како помалиот брат на Ник Картер од „Бекстрит бојс“, чека дете со неговата девојка Мелани Мартин.

Мелани е позната по тоа што неодамна го пријави Арон во полиција, затоа што физички ја нападнал. Тој и самиот призна дека во последниот период се соочува со тешки психички проблеми.

Арон се обрати преку социјалните мрежи и истакна дека е разочаран затоа шо девојка му го изневерила и сакала со него да се пресмета физички.

Како што пренесуваат светските медиуми, работите се смениле.

„И официјално ќе станат татко. Двајцата го сакавме тоа. Работевме на тоа и мислам дека ќе бидам добар татко. Покрај музиката, сега и семејството ми е приоритет“, изјавил Картер.

 

Текстот Арон Картер ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.