Аудиција за избор на пејач кој ќе ја претставува Македонија на Јуниорски евросонг 2018, ќе биде одржана в сабота (18 август) со почеток од 10;00 часот, информира Македонската радио-телевизија.
Пријавувањето за аудицијата, која ќе се спроведе во студиото М-3 на Македонската радио-телевизија, е отворено од 6 до 16 август 2018 година.
Децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст помеѓу 10 и 15 години на денот на финалната манифестација, што ќе биде одржана на 25 ноември 2018 година.
Тие треба да исполнат две композиции по сопствен избор, а дозволен е и караоке начин на пеење при што учесниците треба да донесат со себе технички исправен носач на звук аудио-ЦД.
Овогодишниот Јуниорски евросонг ќе се одржи во Минск, Белорусија.
Текстот Аудиција за претставник на Македонија на Јуниорски евросонг 2018 е превземен од Reporter.mk.