Поп-пејачката Тамара Тодевска на 27 јули ќе одржи концерт во Антички театар во Охрид, во организација на „Авалон продукција“.
„Тамара ќе настапи со песните кои ја обележаа нејзината кариера, од почетокот, па сѐ до извонредните настапи со ‘Горда’ пред и во финалето на годинашната Евровизија“, рекоа од „Авалон“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре во 9 часот и ќе можат да се купат онлајн и преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија, по следниве цени и категории: партер – 500 денари, сребрени седишта – 600 денари и златни седишта – 700 денари.
Текстот „Авалон“ ќе ѝ прави концерт на Тамара е превземен од Reporter.mk.