Авионот со кој холивудскиот глумец Киану Ривс летал од Сан Франциско до Лос Анџелес заради технички проблеми принудно слетал во градот Бејкерсфилд. Оттаму, популарниот глумец заедно со сите патници го продолжил патувањето со автобус, без да бара посебен третман, пишува „Тајм“. Дел од патниците во автобусот објавиле видеа и слики со глумецот и напишале дека Киану ги воодушевил со своето однесување и скромност.
„По пат ни читаше интерени факти за Бејкерсфилд, не засмејуваше и се однесуваше како секој нормален човек, а не ѕвезда“, пишуваат дел од патниците.
„Вака ми помина саботата, дечки. Авионот за малку ќе се урнеше, а Киану Ривс беше во него“, напиша една патничка на „Твитер“ и објави слика со глумецот.
54-годишниот глумец е познат по скромниот начин на живот. Тој поголемиот дел од парите што ги заработува од глумата ги донира за бездомниците и луѓето на кои им треба помош. На холивудски настани или во емисии не се појавува ако нема повод. Води мирен живот, нетипичен за холивудска ѕвезда.
No joke #KeanuReeves pic.twitter.com/Dcm3AsEyfS
— Alexa (@LikeAskAlexa) March 26, 2019
Текстот Авионот на Киану принудно слета, глумецот го продолжи патот со автобус со сите патници е превземен од Reporter.mk.