Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција

На аукција во Аризона беа продадени колекцијата автомобили на починатиот глумец Пол Вокер, познат по улогата на серијалот „Брзи и бесни“. Возилата беа продадени за цена од 2,33 милиони долари.

Во неговата колекција имало 18 автомобили и три мотори. Настанот траел една недела, а највисоката цена ја достингал автомобилот BMW Lightweight, од 1995 година, кој бил продаден за 385.000 долари. Станува збор за едно од петте BMW-а M3 Lightweight на Волкер. Во светот има само 126 произведено вакви автомобили.

Сите пет се од истата гупа и сите се со бела боја и со голем спојлер во позадина. Највисоката цена која некогаш била дадена за еден автомобил од брендот M3 Lightweight, изнесувала 150.000 долари. Фактот дека автомобилите биле во сопственот на позната личност, сега дополнително ја зголемиле цената.

Еден од фаворитите на публиката бил автомобилот Nissan 370Z, од 2009 година, кој се појавил во петтото продолжение на филмот „Брзи и бесни“. Возилото има поминато мала километража и е продадено во четвртокот за цена од 105.600 долари, што е најголемата цена досега постигната на аукција за еден 370Z.

Во саботата за 95.700 долари е продаден автомобилот Ford Boss 302S од 2013 година, кој никогаш не бил користен на трките, а кој Вокер го добил на подарок.

 

Целиот приход од продажбата на возилата е наменет за организацијата со која управува 20 годишната ќерка на Вокер Медов. За потсетување Пол Вокер загина на 30 ноември 2013 година, во автомобилска несреќа додека се враќал од хуманитарна вечера.

 

Текстот Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција е превземен од Reporter.mk.