Турскиот актер Бурак Оџевит познат како Бали Бег со неговата сопруга Фахрие Евџан го очекуваат своето прво дете. Бурак и Фахрие пред неколку дена добиле потврда од нивниот лекар за бременоста.
Турските медиуми на големо пишуваат за приновата во семејството. Двете турски ѕвезди во брак се повеќе од година дена, а својата љубов ја гајат веќе четири години.
Според пишувањата на медиумите, Фахрие е во вториот месец од бременоста, а двојката засега новоста ја чуваа во голема тајна.
Текстот Бали Бег ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.