Балканот низ солзи се простува од Милена Дравиќ

Големата српска актерка Милена Дравиќ почина ноќеска на 79 годишна возраст, а тажната вест остави голем број на луѓе од домашната и балканска јавност во солзи.

Од утринава социјалните мрежи се преполни со нејзиниот лик, талент и дела, не само во Србија, туку од целиот регион. Сите пишуваат потресни пораки простувајќи се од дивата која сите ја сакаа.

„Тажно е ова утро, почивајте во мир со вашиот Гага и нека ви е вечна слава“.

„Милена Дравиќ беше другарка, ќерка и мамина пријателка. Еднаш дојдоа кај нас во посета, а јас не бев дома. И никој, баш никој во школо не ми веруваше. Тогаш беше такво време, ѕвездите изгледале недостижни. Милена Дравиќ беше прекрасна личност. И повеќе не е со нас“.

„Фала што ни ги разубави деновите, царице… Збогум“.

„Како дел од срцето да ти се откина, како некој дел од детството да ти исчезна, уште една ѕвезда се угасна. Една е Милена Дравиќ“.

„Не може да биде потажно ова утро! Како повторно да изгубивме еден свет кој многу го сакавме! Последната и најголемата дива на филмовите од моето детство и младост, фала и за се што ни подари!“.

„Милена Дравиќ е синоним за балканските филмови и синоним за една нормална, добра, паметна жена. Штета. Тоа е така, живот“.

Ова се само некои од трогателните пораки кои се шират низ мрежите, со последното збогум за жената која ја одбележа актерската сцена на Југославија.

Милена Дравиќ глумела преку стотина филмски остварувања. Популарноста и донесе соработка со Љубиша Самарџиќ. Најпознатата улога ја оствари во филмовите „Козара“, „Љубовен живот Будимир Трајковиќ“, „Работа на одредено време“, „Мојот тато на одредено време“, „Не е лесно со мажи“, и „Зона Замфирова“.

 

Текстот Балканот низ солзи се простува од Милена Дравиќ е превземен од Reporter.mk.