Балканска фолк-пејачка стана 23 жена на шеик: „Редовно ги извршувам брачните обврски“

Балканската фолк-пејачка Алма Туцаковиќ стана 23 жена на шеик во Дубаи. Таа вели дека ужива во бракот и дека нема проблем што својот сопруг го дели со уште 23 девојки.

„Уживам со своите пријателки и редовно ги исполнувам брачните обврски. Што се однесува до естрадата, се опростив од неа. Барем на година дена. Не сакам да пејам затоа што сметам дека постои и подобар живот кој можам да го изградам овде. Преубаво ми е“, изјавила Туцаковиќ за босанскиот магазин „Експрес“.

Таа вели дека е среќна во Дубаи и дека е преубаво местото каде живее и дека ужива во слободата која ја има. Пејачката вели дека сака да остане во Дубаи до крајот на животот.

„Дојдов во најбогатата земја на светот и тука ќе останам. Тука можам да дишам слободно. Нема да ја заборавам ни Босна, но планирам тука да останам“, изјавила Туцаковиќ .

 

Текстот Балканска фолк-пејачка стана 23 жена на шеик: „Редовно ги извршувам брачните обврски“ е превземен од Reporter.mk.